Балкан
10. March 2016 - 15:08

ЕК: Грција е виновна за страшните сцени со бегалците во Идомени

Европската комисија денеска ја посочи Грција како виновна за хуманитарната катастрофа што се случвуа со заглавените бегалци во местото Идомени на грчка територија на границата со Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролот на Еврокомисијата, Гркот Маргаритис Схинас, на прашањето што ќе стори Европската унија за заглавените илјадници бегалци кои доживуваат хуманитарна катастрофа на грчка територија на границата со Македонија и дали ќе се продолжи со обвинување на Австрија, Македонија и другите земји или тоа е вина на Грција и ЕУ, со одговор:

- Кој е одговорен? Па, оваа хуманитарна катастрофа се случува на територијата на Хеленската република и јасно е дека Грција ќе мора да обезбеди диспропорционална одговорност. Но, ЕУ е таму покрај Грицја. Финансираме, имаме сите ресурси што се потребни таму од различни агли, а наскоро ќе имаме и повеќе Агенции, невладини организации, УНХЦР. Ние ја делиме фрустрацијата дека не може секој ден ова да се случува и се надеваме дека овие сцени нема да се повторат и дека гледаме последно поглавје од овој период. Од понедленик, ЕУ има нова патека, промена на играта како што кажа Жан-Клод Јункер и се надеваме дека со овој преддоговор со Турција ќе имаме систем што ќе ни дозволи да ја смениме играте на терен, да го разбиеме бизнисот на криумчарите - потенцираше портпаролот Схинас.

Гласноговорникот на Еврокомисијата додаде дека за Брисел е најважни да најде итно хуманитарна помош и олеснување за страшните сцени за кои сведочиме во Идомени. Ова е прецизно зошто во рекордно време е овозможено Европската агенција за хуманитарна помош (ЕКО) да може да делува во ЕУ, бидејќи ЕКО е секогаш структуирано да се справува со вакви ситуации во трети земји.

Во однос на затворањето на западно-балканската миграциска рута и како тоа се случува, портпаролкат ана Ек задолжена за миграциски прашања, Наташа Берто, потенцираше дека контакт-точките на змејите долж рутата вчера посочиле дека прво Словенија пристапила кон примена на граничниот код на Шенген, па Хрватска ја следела словенечката политика, а Македонија и Србија потврдиле дека ја прилагодиле својата политика според таа на земјите-членки на ЕУ.

- Ние говориме за ЕК и мислам дека бевме јасни дека не е до нас, туку лидерите на ЕУ-земјите одлучија на Самитот со Турција во понеделникот со реченицата дека „протокот на бегалците долж западно-балканската миграциска рута е завршен“ - децидна беше портпаролката Берто.