Свет
22. March 2016 - 10:49

ЕК ги повика вработените да останат дома или на работните места

Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места, по денешнте експлозии на аеродромот Завентем во Брисел.

- Институциите на ЕУ работат заедно за да осигураат безбедност на персоналот и просториите. Ве молиме да останете дома или во зградите, објави на Твитер, Кристалина Георгиева, еврокомесар за буџет, која е задолжена и за безбедносни прашања.  

Зградите на Владата и на Парламентот на Белгија во Брисел се евакуирани. 

Како што јавија локални медиуми тунелите во Брисел се затворени за сообраќај на возила, што е дел од мерките преземени од полицијата, по експлозиите на аеродромот.

Белгиското обвинителство веќе потврди за 13 загинати и 35 ранети во експлозиите во терористичкиот напад на аеродромот.