Македонија
17. April 2018 - 20:40

ЕК донесе безусловна препорака за почеток на преговорите за членство за Македонија

Македонија доби чиста препорака за почеток на преговорите со Европската унија, но спорот со името треба да се реши итно. Политичката криза е надмината и се гледа резултатот од спроведените реформи, но има уште многу работа. Еврокомесарот Хан вели дека оваа препорака е награда за тоа што земјава ја потврди својата европска иднина и сериозно се посвети на дадените задачи.

Реформите во јавната администрација, судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал и натаму се нотираат како области на кои земјава треба сериозно да се посвети.

Според евроамбасадорот Жбогар очигледено е подобрувањето на добрососедските односи, а Унијата и во следните месеци внимателно ќе го следи процесот со решавање на спорот со името.

 Извештајот сега е во рацете на Советот на ЕУ, кој го има споледниот збор при доделувањето датум за почеток на преговори, со право на вето од секоја земја членка. Извештајот за напредокот на земјава еврокомесарот Хан утре и лично ќе му го предаде на премиерот Заев.