Свет
20. February 2017 - 13:29

ЕК демантира дека се очекува Јункер да поднесе оставка

Претставник на Европската комисија денеска ги демантираше шпекулациите изнесени во некои медиумите дека претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ќе поднесе оставка.

Дел од европските весници денеска објавија дека се очекува Јункер да се повлече од функцијата до почетокот на април. 

- Понекогаш новинарите повторуваат една иста работа без никака основа, не знам зошто тоа се случува, изјави портпаролот на ЕК.

- Јункер јасно изјави во 2014 година дека пет години му се доволни на таа позиција и оти нема да се кандидира за втор мандат. Со тоа тој си ја задржа слободата да прави што ќе оцени дека треба да прави, без да се стреми кон втор мандат. Со тоа Јункер останува независен и слободен, додаде портпаролот.