ЕК: Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во Шенген зоната
Европската комисија смета дека Бугарија и Романија ги исполнуваат неопходните услови за да бидат примени во Шенген зоната, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата, Наташа Берто.
Како што јави БТА, Берто нагласи дека одлуката за прием на двете земји во Шенген зоната сепак треба да биде донесена на политичко ниво од страна на Советот на министри на ЕУ и Европскиот совет.
Колегата на Берто, Маргаритис Скинас пак изјави дека Европската комисија очекува да бидат почитувани правилата на Шенген зоната за слободен проток на патници и покрај актуелната бегалска криза во Европа.
- Шенген зенота е еден од успесите на ЕУ, кој добива високи оценки, додаде Скинас.
Тој нагалси дека Еврокомисијата очекува на средбата на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ, што ќе се одржи во понеделник, да биде постигнат договор околу предлоот на Брисел за рапределба на бегалците меѓу членките на Унијата според утврдени квоти.
- Сега не е време за индувидуални решенија, тука за заеднички европски одговор, потенцира од своја страна Берто.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право