ЕХФ недела со контролка против Русија | Сител Телевизија
Loading Video...
Ракомет
20. March 2018 - 19:37

ЕХФ недела со контролка против Русија

Покрај фудбалерите и нашите најдобри ракометари ги користат термините на европската федерација за подготовки за претстојните квалификациски дуели. Селекторот Раул Гонзалез денеска го соопшти и списокот на ракометари кои ќе бидат на подготовките. 
Повикани се 18 ракометари кои ќе работат на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 02 до 08 април 2018 година.
 
Оваа недела според селекторот Гонзалез е важна за да се направи последниот пресек пред  претстојните бараж натпревари за Светското Првенство 2018 што Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни. Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.
На списокот се искусните репрезентативци на чело со Кире Лазаров но и неколку млади ракометари кои во последно време се истакнуваат со игрите во своите клубови и сериозно чукаат на вратата на националниот тим.