Ракомет
16. July 2019 - 17:39

ЕХФ: Македонските претставници стартуваат од 2. и 3. коло

 

Македонскиот ракомет во купот на ЕХФ го претставуваат екипите на Пелистер,Бутел и Металург .  Токму денеска беа извлечени двојките за ова натпреварување во кое нашите претставници се носители.

            Еден од најреномираните наши клубови Пелистер  сезоната ќе започне со победникот од дуелот Беса од Косово и швајцарскиот претставник  Винтертур.

            Од втората рунда ќе стартува и екипата на Бутел која ќе го чека победникот од дуелот Запорожје – Лондон.

            Првите средби македонските претставници ќе ги играат на 6 или 7 октомври додека реваншот е недела подоцна.

            Нашиот трет претставник Металург поради рејтингот ќе стартува од третото коло и првиот меч ќе го игра на 15. Октомври.

            Според распоредот и квалитетот на потенцијалните противници нема да биде никакво чудо доколку во третото коло  се најдат сите наши претставници.

            Особено оптимисти се од редовите на Бутел , екипа која  прави силен тим за следната сезона и очекува добри настапи и на домашната сцена и во ЕХФ купот.