Loading Video...
Ракомет
28. May 2019 - 15:08

ЕХФ ги изрече казните за инцидентот на мечот ПИК Сегед – Вардар

Европската ракометна федерација ги изрече казните за инцидентот кој се случи пред самиот крај од на мечот ПИК Сегед – Вардар
 
Непосредно пред завршницата на Лигата на шампионите односно фајнал-форот во Келн, ЕХФ ги изрече казните за инцидентот на крај од реванш четвртфиналениот дуел меѓу ПИК Сегед и Вардар, по кој македонскиот првак го потврди своето учество на Келн. 
 
Во последните секунди, кога веќе се беше јасно, а по прекршокот на Бразилецот Рожерио Мораеш, бурно реагираа ракометарите на Сегед, Деан Бомбач и Матеј Габер, по што на теренот се најдоа речиси сите актери од двата тима. 
 
ЕХФ реши поради неспортското вардарци да ги казни со 8.000 евра, додека Бобмач, Габер и екс-вардаровецот Македа добија парични казни во висина од 3.000, односно 2.000 евра.
 
Македонскиот шампион, в сабота во терминот од 18 часот ќе го игра полуфиналниот меч против фаворизираната Барселона,  а вечерва (19 часот) црвено-црните ќе го играат и последниот натпревар сезонава на домашната сцена. 
 
Иако вардарци веќе ја имаат осигурано титулата, па се очекуваше мечот против градскиот ривал Металург да се одигра по фајнал-форот во Келн, сепак црвено-црните и металурзите во овие моменти го играат дуелот од последното коло во Супер лигата.