Свет
1. March 2019 - 10:42

Егзекуција на највозрасниот човек во САД во изминативе над четири децении

Во американската сојузна држава Тексас синоќа е егзекутиран 70-годишниот Били Вејн Коубал, осуден на смрт поради тројно убиство.

Со ова Коубал стана највозрасниот човек егзекутиран во САД од повторното воведување на смртната казна во земјата во 1976 година.

Тој е осуден за убиство во 1989 година на родителите и братот на неговата сопруга, која сакала да се разведе од него.

Ова беше трето спроведување на смртна казна во САД од почетокот на годината, од кои второ во Тексас, која е американска сојузна држава со најголем број осуденици на смрт.