Македонија
24. February 2021 - 12:38

Еѓипќаните од Охрид револтирани што ги нема на листата за попишувачи во Охрид

По објавата на листите за попишувачи од страна на ДЗС, со реакција се јавија од коалицијата на Египќани од Охрид.

Иако тврдат дека се втора по бројност заедница во општината, на листите нема предвидено ниту еден попишувач од оваа заедница.

Според нив ваквиот потег на ДЗС е против уставен и бараат итна промена.