Живот
22. August 2017 - 11:00

Египетски уметник создава портрети на познати личности палејќи тутун, еве како

Египетскиот уметник Абдел Раман ал-Хаброук во мало студио полно со празни кутии од цигари, во Александрија седи опколен со листови од хартија и прави уметнички дела – портрети од тутун. 

Неговата уметност настанува на цигарите, пишува Ројтерс. Тој ги кине на пола, внимателно креира монохроматски слики на познати личности или животни, а потоа ги посипува со барут и ги пали. Дамките на хартијата всушност се портрети.

Хаброук, кој сега има 23 години, пред неколку години почнал да користи необични материјали за изработка на слики на парови. Експериментирал со кафе, сол и песок, а потоа преминал на техника со тутун, која е многу по трајна, вели тој.

„Идејата е да создадам уметност која ќе живее подолго и од нешто што се смета за штетно да направам нешто добро” – вели Хаброук.