Свет
5. јуни 2017 - 15:58

Египет побара катарскиот амбасадор да ја напушти државата во рок од 48 часа

Египетските власти му дадоа на катарскиот амбасадор во Каиро 48 часа да ја напушти државата и го отповика својот дипломатски претставник од катарскиот главен град Доха, соопшти египетското МНР.

– Катарскиот амбасадор беше повикан денеска и му е дадена официјална нота за изминат рок на важење на акредитацијата како амбасадор во Египет. Дадени му се 48 часа да ја напушти државата, се вели во соопштение од Министерството.  

Египетското Министерство за надворешни работи наведе дека Египет ги затворил своите граници и воздушниот простор за сите транспортни врски со Катар, како и дека земјата ги прекинува дипломатските односи со Катар бидејќи тој поддржува терористички организации, вклучително и Муслиманско братство.