Египет и Русија ќе градат нуклеарна електрана
Египет и Русија денеска потпишаа договор за почеток на изградба на нуклеарна електрана во египетскиот град Даба, во вредност од 21 милијарди долари, јави египетската државна телевизија.
Договорот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на Русија Владимир Путин, кој престојува во официјална посета на Египет.
- Нуклеарната електрана во Даба, со четири реактори и капацитет од пет гигавати, би требало да биде завршена до 2029 година, а вкупните трошоци за изградба ќе изнесуваат 21 милијарди долари, изјави директорот на руската државна компанија „Росатом“, Алексеј Лихачјов.
Претставници на Москва и Каиро уште во 2015 година го договорија овој проект и кредит од Русија, од кој би требало да бидат покриени 85 отсто од трошоците, а Египет да го обезбеди остатокот.
Ново на Сител
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис