-->
-->
ЕФН ги осуди нападите врз новинари во Косовска Митровица
-->
Европската федерација на новинари (ЕФН) ги осуди нападите врз новинарите што се случија во понеделникот во Косовска Митровица, за време на акцијата на специјалните единици.
ЕФН ги повика косовските власти итно да поведат истрага за нападот врз снимателот Владимир Милиќ и новинарките Драгана Зечевиќ и Радмила Комизец.
- Нивото на насилство беше многу високо, што јасно се гледа на телевизиските снимки, велат од ЕФН, а Унијата на српски новинари објави дека ја известила организацијата на нападот.
Милиќ работи за Радио Телевизија на Србија, а на новинарската задача, тој бил нападнат од косовски полицаец, кој му ја скршил камерата, додека Зечевиќ и Комазец беа нападнати вербално и со пушки свртени накај земја
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно