Фудбал
27. January 2017 - 9:22

ЕФЛ Куп: Манчестер Јунајтед со пораз во финалето

Екипата на Манчестер Јунајтед успеа да се пласира во финалето ан ЕФЛ купот (Лига куп) и покрај поразот во реваншот во полуфиналето од Хал со 2:1. Вкупниот резултат на оваа полуфинална двојка е 3:2 за „црвените ѓаволи“.

Хал поведе во 35.минута со голот од пенал на Хадлстон. На 1:1 изедначи Погба во 66.минута, а конечните 2:1 ги постави Нејсе во 85.минута.
Со овој пораз прекината е серијата од 17 натпревари на Манчестер Јунајтед без загубен натпревар.
Противник на Манчестер Ј. во финалето е Саутемптон, а натпреварот се игра на Вембли на 26.февруари.