Loading Video...
Кошарка
1. May 2019 - 12:17

Ефес и Барса вечерва во мајсторка за полуфиналето во Евролигата

 
 
Во кошаркарската Евролигата вечерва (19 часот) ќе се игра последниот меч од четвртфиналната рунда. 
 
Екипите на Анадолу Ефес и Барселона ќе ја играат мајсторката по која ќе биде познат и последниот тим кој ќе обезбеди место на завршниот фајнал-фор што ќе се одржи во шпанскиот град Виторија. 
 
Исходот од вечерашниот дуел во Истанбул, најмногу го исчекуваат кошаркарите на Фенербахче кои во полуфиналето ќе играат со подобриот од средбата Ефес – Барса. 
 
Вториот полуфинален пар веќе го формираа ЦСКА Москва и Реал Мадрид. 
 
Завршницата на Евролигата ќе се игра на 17 и 19 мај.