Македонија
6. October 2022 - 16:32

Едукација за микрохирургија на пластична

Наместо да плаќаат илјадници евра за учење во странство специјализантите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија имаа можност да се едуцираат за микрохирургија во земјава. За прв пат во Македонија младите лекари имаа можност да се запознаат со современите техники за реконструкција на ткива од повреди или карциноми.

-Микрохирургијата е кралица на хирургијата и ние имаме можност и чест да се занимаваме со ваков тип хирургија. И токму денеска го завршуваме еднонеделниот тренинг на нашите специјализанти. Сакаме да им дадеме еден поттик на младите лекари дека тука се достапни сите техники за учење и едукација, изјави д-р Софија Пејкова, директор на Клиниката з апластична и реконструктивна хирургија.

Специјализантите на пластична за микрохирургија ги едуцираше доктор Елеонора Димовска која по потекло е од Македонија, а работи во врвна клиника во Шведска.

-Многу беа задоволни, и јас сум задоволна што имав можност да им го пренесам моето знаење и искуствоп исто какако што тоа го правам на моите специјализанти во Шведска, изјави д-р Елеонора Димовска, од Упсала универзитетска болница во Шведска.

Најголем бенефит од едукацијата на лекарите ќе имаат македонските пациенти бидејќи во последно време се почести се интервенциите во кои е неопходна примена на микрохирургија.