Едуар Филип е новиот премиер на француската влада
Претседателот Емануел Макрон го назначи Едуар Филип за нов премиер на француската влада, јави дописникот на МИА од Париз.
Премиерот Едуар Филип ќе ја има задачата да обезбеди парламентарно мнозинство на идните парламентарни избори во Франција, закажани за 11 и 18 јуни годинава, што на претседателот Емануел Макрон треба да му овозможи да ги спроведе најавените реформи и својата програма.
Едуар Филип (46) е млад градоначалник и пратеник од Авр. Во политиката влегол како симпатизер на социјалистот Мишел Рокар, за во моментов да биде многу близок до Алан Жупе и да е член на Републиканците, поранешната УМП.
Потегот на Макрон со назначувањето на Едуар Филип, исто така, има силна политичка заднина, бидејќи со тоа тој сака на своја страна да ги привлече разочараните Републиканци, особено по катастрофалната кампања на Франсоа Фијон.
Ново на Сител
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката