Бизнис
5. October 2017 - 19:42

ЕДС, компанијата на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО „поради перцепција за судир на интереси“

Компанијата на вицепрмеиерот Кочо Анѓушев се повлекува од испораката на струја за потребите на МЕСПО.

Менаџментот на ЕДС денеска побара од државната компанија спогодбено раскунување на договорот со МЕПСО за испорака на струја за покривање на загубите на електропреносниот систем.

Овој договор бил потпишан во декември лани. 

„Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата Заменик претседател на Владата на Република Македонија и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на МЕПСО претставува судир на интерес, бараме Договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за месец ноември 2017 година”, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.