Живот
24. April 2016 - 17:34

Едноставни трикови со кои ќе привлечете пари!

Секогаш ви недостигаат пари? Немојте да се грижите веќе! Со помош на овие мали трикови, ќе дојдат подобри денови за вас.
 
Паричникот е еден од работите без кои никогаш не излегуваме од дома.Поради тоа во народот е врежано верувањето како дополнително да се подобри „работата“ на паричникот. Дури и ако сте од оние кои не сакаат да го носат, тој сепак може да ви донесе среќа со парите така што во него постојано ќе чувате пари, редовно од него ќе земате, но и враќате пари.
За останатите кои не се делат од паричникот, народното верување советува:Што се однесува до бојата, жените би требало да носат златни или црвено златни паричници, бидејќи црвената е огнена боја, а златната, па таа е боја на златото. Огинот го топи металот, па според тоа вашиот паричник, според овие совети, би требало секогаш да биде полн со пари.Мажите пак би требало да носат кафени паричници со златни детали, поради тоа што земјената боја означува стабилност, па со тоа и таквиот паричник би требало да обезбедува стабилни приходи.
Народното верување исто така налага паричникот секогаш да си го купите сами, како би сте ја избегнале лошата карма која преку него може да ви ја проследи оној кој ви го подарува. Доколку пак сте решиле да прифатите паричник на подарок, во него би требало да има  и некоја банкнота.
 
Кога сте ги исполниле претходните услови, време е во паричникот да ставите и пари. Многу е важно банкнотите да бидат уредно сложени, како не би ја блокирале енергијата на вашите финансии.
 
Покрај тоа во партичникот никогаш не носете сметки, било да се платени или не, бидејќи со тоа ќе ја влечете енергијата на плаќање.