Македонија
7. August 2015 - 16:44

Едномесечен притвор за 9-те уапсени во антитерористичката операција против ИСИЛ

Неговата куќа во скопско Козле ни најмалку не оддава дека тука живеел еден од борците на ИСИС. А и неговото досие и завршениот медицински факултет креираат погрешна слика за 30 годишниот Стефан Стефановски, уапсен во вчерашната голема антитерористичка акција Ќелија.

Во радикалните исламски кругови се претставувал како Суфијан и неколку пати патувал во Сирија. Последен пат конвертираниот Стефан  во Сирија заминал во август минатата година а во Макеоднија се вратил во март гоиднава.

За разлика од останатите кои до Турција патувале со авион или автобус, овој Скопјанец патувал со мотор.  Завршениот медицински факултет отвара можност тој во Сирија да ги лекувал борците на Исламска Држава.

Слично како Стефановски, повеќето пријавени и приведени биле од средно имотни семејства и потрагата по гола егзистенција не била нивниот главен мотив.

Најголемиот број имаат завршено средно образование, и се оженети со деца.

Речиси никој не бил во редовен работен однос. Заработувале со приватни бизниси и ангажмани. Сите биле политички неопределени.

Дури 25 од 37те осомничени имале кристално чисти досиеа. 11те кои поминале во крим евиденцијата биле сторители на полесни имотни деликти. Само еден од осомничените има побогато криминално минато со 15 пријави за кражби.

Идеолошкиот лидер на групата Реџеп Мемиши пак бил незавршен теолог кој студирал во Саудиска Арабија но бил избркан откако станал познат по своите идеи за уривање на Саудиската кралска династија. Во Скопје доаѓа за да го шири така наречениот вистински ислам, односно крајно радикални екстремистички идеи. Традиционалните муслимани групата на Мемиши ја наракувале – неверници.

Досегашната полициска истрага дошла до 10 потврди за трансфер на пари од сомнителни држави. А пронајдни биле и пари во кеш.

На 9те мина уапсени судот им изрече мерка 30 дневен притвор. И натаму се трага по 27 лица од кои 22јца најверојатно и во моментов се на боиштата во Сирија.