Еднократна парична помош за секое новороденче во Општина Илинден
Општина Илинден за прв пат воведува доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденче, кои се со живеалиште на подрачјето на општината.
– Од Буџетот на Општина Илинден ќе бидат издвоени по 5000 денари за секое семејство со новороденче кое е родено од 01.01.2022 година. Целта на овој проект е стимулирање на наталитетот и подршка на младите родители, a со оваа мерка ќе се влијае и на зголемување на природниот прираст на населението, информираат од општинската прес-служба.
Од општината посочуваат дека потребните документи за аплицирање ќе бидат наведени во Барањето за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденче, кое ќе биде прикачено на официјалната веб-страна на општината и ќе може да се подигне од Архивата на Општина Илинден.
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија