Балкан
29. August 2018 - 10:45

Едногодишно девојче се удави во кофа со вода

Едногодишно девојче се удави во пластична канта во местото Кузминци во близина на Копривница.

Соседите слушнале пискотници, а потоа ја виделе мајката како го носи безживотното тело на малото девојче, кое се удави во пластична канта.

Според полицијата, девојчето си играло околу кантата полна со вода и во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало со глава во водата. Несреќата се случила во дворот на семејната куќа.

Телото го пронашла 19 годишната мајка, која во време на несреќата била во куќата. Таа отрчала кај соседите за да викне помош , но докторите констатирале смрт.

Соседите велат дека таткото бил на работа, а младата мајка се грижела за девојченцето, кое само пред неколку дена го прославило првиот роденден.