Македонија
14. July 2015 - 17:15

Едно загинато и 8 повредени лица во 3 сообраќајки во Повардарието

Еден загинат и осуммина повредени е билансот од трите сообраќајки кои вчера попладне се случија на територијата на СВР Велес.

Првата несреќа се случила околу 14.30 минути на локалниот пат Кавадарци – село Страгово. Животот го загуби 49 годишниот Зоранчо од Кавадарци управувајќи трактор. Изгубил контрола и излетал од патот. Само 20-тина минути подоцна на автопатот Стоби – Неготино се случила втората сообраќајка. Автомобил шкода фаворит удрила во цитроен со француски регистрации кој стоел на крајната коловозна лента. Од ударот повредени се возачот на шкодата и неговите двајца сопатници.

Третата сообраќајка се случила околу 22 часот на автопатот Велес – Градско кај селото Караслари. 56 годишен германец управувајќи го автомобилот мерцедес првин удрил во металните огради меѓу двете автопатски делници а потоа се превртел на спротивната коловозна лента од автопатот.

Во оваа несреќа полесно повредени се возачот, неговата сопруга  и три деца на возраст од 7 до 16 години.

Во сите сообраќајки увид направиле полицијата и јавен обвинител. Истрагата треба да ги утврди причините за несреќите.