Македонија
21. December 2015 - 16:54

Едно момче прободено со нож, а друго претепано, при обид да измамат мигранти

Крвава пресметка на патот градско - Велес меѓу мигранти и две млади момчиња.. Едното е прободено со нож, другото било претепано.. Доцна сиоќа се случулил инцидентот.. 19 годишник од кавадарци и 17 годишен малолетник од Демир Капија, со автомобил мерцедес се обиделе да криумчарат петмина мигранти.. Според информациите од велешката полиција, двете момчиња ги зеле мигрантите од Демир Капија.. Требало да ги превезат до границата кон Србија.. Наместо таму, застанел кај фабриката за вештачки ѓубрива..

Овде двете момчиња им кажале на мигрантите дека во близина е србија и треба пеш да продолжат.. Во ова се посомневале петмината мигранти па ги нападнале двете момчиња.. Едното со нож било прободено во ногата а другото неколку пати било удирано во главата.. Инаку случајот во полиција го пријавиле жртвите.. Според неофицијални инфомрации, момчиња првин изјавиле дека возејќи се со својот автомобил ги сопрела групата мигранти која се заканила дека мора да ги превезат до границата со србија.. По доаѓањето на полицијата, мигрантите биле приведени а двете момчиња транспортирани во велешката болница.. Од секторот за внатрешни работи велат дека се превземаат мерки за расфетлување на случајот.. Против двете момочиња најверојатно ќе биде поднесена пријава за криумчарење мигранти..