Македонија
15. July 2020 - 17:41

Едно лице заразенo и едно излекувано од коронавирус денеска во Кичево

Едно ново лице денеска е заразено, а едно ја победи битката со кронавирусот според податоците од Министерството за здравство за Кичево, со што вкупниот број заразени со КОВИД-19 во општината се искачи на 84, од кои 70 се активни, 12 се излекувани и две лица се починати.

-Новозаболеното лице е во добра општа здраствена состојба, се лекуваа во домашни услови во изолација и под контрола на неговниот матичен лекар. За среќа денеска имаме и едно лице што ја доби битката со вирусот во Кичево, изјави д-р Станко Трпески, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.