Едно лице загинато во сообраќајка кај клучка во Хиподром
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје извршила увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, двајца пешаци и еден патник во автобус.
Се случила и една незгода со последица загинато лице. Сообраќајката се случила во 6 часот и 20 минути на автопатот Скопје – Куманово, кај клучка Хиподром, во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово. По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и покрај укажаната помош еден сопатник им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајца сопатници им биле констатирани телесни повреди.
Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево, со учениците од четврто одделение.
Поранешните вработени во ОХИС денеска со почеток во 10 часот ќе одржат протест пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација