Македонија
15. July 2016 - 19:15

Едно лице загина во судар на воз и автомобил кај Демир Капија

Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија. 

- Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР.

Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски. 

- Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски.