Македонија
18. September 2015 - 17:58

Едно лице загина во сообраќајка на патот Куманово - Пчиња

Едно лице загина, а едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска пред 15 часот на регионалниот пат Куманово - Пчиња.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата која се случи во близина на каменоломот Краста.

Возилото џип „хјунадаи“ во кое се превезувале починатиот и неговиот сопатник кој е тешко повреден се наоѓа во нивите покрај патот.

Од Одделението за хирургија при Општата болница во Куманово потврдуваат дека кај нив е донесено лице со тешки повреди кое по укажаната помош е префрлено на Скопските хируршки клиники.

- Околу 15:30 часот донесено е лице со повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Направени се клинички и рентгенолошки иследувања. Лицето има повреда на главата и фактура на кичмениот столб, изјави доктор Драган Тасевски, дежурен хирург во Општата болница во Куманово