Македонија
24. January 2016 - 17:08

Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево - Гостивар

Дехар Дехари од село Србица, Кичевско, утрово го загубил животот откако, претекнувајќи возило, изгубил контрола над „голфот“ со кој управувал и излетал од коловозот. 

Според полцијата, несреќата се случила околу пет часот, на магистралниот пат Кичево - Гостивар, на местото викано „Сеферов бунар".

Во незгодата повреди здобил и совозачот Л.Ќ. од Кичево.

Со Итна медицинска помош двајцата се пренесени во Кичевската болница каде што Дехари им подлегнал на повредите, додека Л.Ќ. е задржан на лекување и е пренесен во Скопје.

Преземени се мерки за целосно расчистување на случајот.