-->
-->
Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево - Гостивар
-->
Дехар Дехари од село Србица, Кичевско, утрово го загубил животот откако, претекнувајќи возило, изгубил контрола над „голфот“ со кој управувал и излетал од коловозот.
Според полцијата, несреќата се случила околу пет часот, на магистралниот пат Кичево - Гостивар, на местото викано „Сеферов бунар".
Во незгодата повреди здобил и совозачот Л.Ќ. од Кичево.
Со Итна медицинска помош двајцата се пренесени во Кичевската болница каде што Дехари им подлегнал на повредите, додека Л.Ќ. е задржан на лекување и е пренесен во Скопје.
Преземени се мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење