Едно лице загина во сообраќајка кај Кичево
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, во 22 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата Горица. Од здобиените повреди на местото починал Аднан А.(26) од Кичево, а А.Л. (26) од Кичево се здобил со тешки телесни повреди. Тој итно е префрлен во Општата болница во Кичево, а потоа испратен во Ургентниот центар –Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила кога, сега починатиот, по магистралниот пат во правец Охрид-Кичево, управувал патничко моторно возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски таблици. Тој почнал да врши престигнување на патничко возило „Волсфаген Пасат“, по што изгубил контрола, преминал на левата страна од патот и излегол надвор од коловозот. Во следниот момент, возилото се извртело и со бочниот десен дел удрило во рекламното пано и повторно се извртело. Возачот и сопатникот А.Л. испаднале од возилото, кое потоа со задниот лев дел удрило во патничко возило „Поло“, кое било паркирано во кругот на блиската бензиска пумпа.
- На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. По наредба на јавниот обвинител, патничкото возило „Опел Вектра“ е подигнато за понатамошен технички преглед, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо