Loading Video...
Балкан
14. јуни 2018 - 16:48

Едно лице загина во невремето што го зафати регионот

За време на силната  бура проследена со град во Пожаревац, настрада 67-годишниот маж Ж.М. чие тело е пронајдено во поплавената гаража во зградата во која имал стан на првиот кат. Сѐ уште не се утврдени околностите под кои настрадал.Западна Србија , Шумадија  и Браничевскиот округ вчера  ги зафати силно невреме, а градот Ужице доживеа вистински потоп предизвикан од  обилниот дожд и град со големина на орев кој паѓаше цели 10 минути. Невремето предизвика голема материјална штета.