Македонија
21. јуни 2019 - 20:14

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајка кај скопската обиколница

Едно лице загина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на скопската обиколница во која учествуваa патничко и полициско возило и камион.

Според првичните информации од МВР, во несреќата загинал совозачот во „бмв“-то, а повредени се возачот и двајца полициски службеници.

-Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв“. Додека запирал во него удрил камнион „ман“, а од ударот автомобилот удрил во полициско возило „шкода јети“, наведуваат од МВР.