Свет
4. April 2018 - 14:00

Едно лице загина при пожар во трговски центар во Москва

Во пожарот што изби во еден трговски центар во источниот дел од Москва загина едно лице. 

Во тек е евакуација на посетителите.

Трговскиот центар е на четири ката и има површина од 6.000 метри квадратни. Објектот работи од 2009 година.

Пожарот изби во момент кога трговските центри во Русија се под инспекции поради пожарот во Кемерово, при што загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете.