Свет
17. May 2017 - 10:27

Едно лице загина при налет на торнадо во Оклахома

Најмалку едно лице загина, а над сто куќи се уништени или оштетени при налет на торнадо во американската сојузна држава Оклахома, јавија денеска локалните медиуми. 

Околу 40 куќи се уништени, а 75 се оштетени само во Елк Сити, град со 12.000 жители. Во градот се затворени училиштата. 

Официјално е потврдена смртта на еден човек кого торнадото го затекнало во неговиот автомобил, но засега не е познато колку лица се повредени. 

Торнадото го погодило градот вчера нешто по 19 часот по локално време.