Свет
9. July 2015 - 8:57

Едно лице загина, 30 повредени во невремето во Венеција

Најмалку едно лице настрада, а 30 се повредени, од кои три сериозно, во силното невреме што вчера ја погоди Венеција и областа Венето во Италија. 

Жртвата во невремето е повозрасно лице, а повредените, кои главно се здобиле со полесни повреди, се сместени во болниците во Мештра, Падова, Пјове ди Саку и Миранo.

Во згрижувањето на повредените учествувале два хеликоптера и 19 амбулантски возила.

Силниот ветер корнеше дрвја, а оштетени се и голем број куќи.