Балкан
8. March 2016 - 15:05

Едно лице убиено, друго рането во артилериски напад во јужна Турција

Едно лице загина, а друго е повредено денеска во јужна Турција при артилериски напад кој дошол од Сирија, пренесува БТА. 

Две гранати паднале во ненаселен регион, но третата погодила станбен кварт во градот Килис, прецизира градоначалникот на градот Хасан Кара, цитиран од турските медиуми.