Македонија
17. October 2018 - 9:57

Едно лице тешко повредено во судар на автомобил и камион кај Арачиново

Вчера во 17,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес кај с.Арачиново се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од Љ.Р.(35) од с.Арачиново-скопско и товарно моторно возило “Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од А.С.(36) од с.Грушино-скопско.

По незгодата Љ.Р. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.