Македонија
20. May 2019 - 11:24

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Кавадарци

Вчера во 15.15 часот на крстосницата од ул.„Западен булевар“ со ул.„Вишешница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Г.(19) од Кавадарци и мопед „канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23) од Кавадарци. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци и по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.  Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.