Македонија
1. March 2016 - 11:28

Едно лице се бори за живот по тешка сообраќајка кај Катланово

Едно лице се бори за живот по страшната сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Скопје – Велес, кај Катланово.
 
Од МВР соопштуваат дека сообраќајката се случила утрово, во 5 и 40 часот кога автомобил „мерцедес“ со велешки таблички, од засега непознати причини, излетал од патот. Возачот С.М. (55) од Кавадарци поминал со лесни повреди, додека сопатникот З.С. (50) е тешко повреден и е пренесен на Ургентниот центар во Скопје.