Македонија
13. October 2016 - 16:33

Едно лице се бори за живот - крвава драма во Кочани

Вчера во 00:10 часот во Кочани, пред казино настанала тепачка помеѓу непознати лица, во која со тешеки телесни повреди се здобил И.К. од Кочани.

Истиот бил пренесен во Медицински Центар во Кочани, каде му биле констатирани повредите.

Поради сериозноста на повредите И.К. бил пренесен во Медицински центар Штип.

По преземени мерки и активности постои основано сомнение де ка во тепачката учествувале и З.Т. , О.В. , Б.Н. и Н.Н.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.