Едно лице рането во касарната „Гоце Делчев“, спречен обид за насилен влез
Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.
Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.
-Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.
Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина