Балкан
29. March 2017 - 9:00

Едно лице рането со нож во тепачка

Едно лице беше рането со нож во тепачка на мигранти во центарот на Белград, јавија српски медиуми. 

Инцидентот се случил во близина на железничката станица во центарот на Белград. Во регионот во складишта и паркови живеат неколку стотици до илјада мигранти. 

Полицијата трага по виновниците. 

Според податоци на полицијата на територијата на земјата има околу седум илјади мигранти.