-->
-->
Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид - Свети Наум
-->
Албански државјанин е повреден во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Охрид - Свети Наум.
Полицијата денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 17:40 часот меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со чешки таблички управувано од Н.П. (18) од Чешка и патничко возило „ауди“ со скопски таблички, управувано од А.И. (25) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) кој бил сопатник во голфот. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок