Македонија
6. August 2018 - 8:53

Едно лице повредено во сообраќајка кај кавадаречко

 Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена.

Оваа информација утрово за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и  управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, појасни Додевски.

Повредениот возач бил однесен на лекување во Клинички центар - Скопје.