Свет
2. November 2017 - 13:05

Едно лице повредено во пукотница во супермаркет во Бремен

Едно лице е потешко повредено во пукотница во супермаркет во германскиот град Бремен.

Осомничениот напаѓач е во бегство, а полицијата истакнува дека не постои непосредна опасност за јавноста.

- Позадината на инцидентот не е јасна, се посочува во соопштението на полицијата.