Балкан
10. July 2020 - 21:53

Едно лице повредено при напад со нож на протестите во Белград

На протестот пред српскиот Парламент во Белград вечерва се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Како што објави порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.