Македонија
11. April 2019 - 16:16

Едно лице повредено откако насилно сакало да влезе во касарната Гоце Делчев во Скопје

Војник спречи обид за насилен упад во касарната Гоце Делчев. Напаѓачот е ранет откако претходно повеќепати бил предупреден дека не може да влезе во округот на воениот објект.

„Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога“ вели Тони Јаневски, портпарол на АРМ.

Според министерството за одбрана присебноста и брзата реакција на војникот спречиле ескалирање на инцидентот.

Стенд ап: инцидентот во 3 часот утрово се случил обде пред влезот на касарната Гоце Делчев. Според министерството за одбрана, војникот кој утрово бил на стража постапил според сите пропишани правила и прописи на армијата. На расчистување на настанот работи воената полиција, Министерството за внатрешни работи и јавните обвинители.

Неофицијално, напаѓачот е маж на околу 40 годишна возраст, но истрагата ќе треба да ги открие мотивите за неговиот обид за насилен влез во касарната. Поради полесната повреда на десната петица, на местото на инцидентот интервенирала и Итната медицинска помош.