Македонија
3. October 2019 - 8:31

Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Десет возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, според извештајот на СВР Скопје, се исклучени од сообраќај, како и девет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и четири возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издадени 41 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 39 возила.

Казнети се и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл и еден возач за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.